Катар го „сокри“ пивото на една недела пред стартот на Светското првенство

by
1 минути читање

Катар направи одредени отстапки кога е во прашање алкохолот, пиво може да се пие пред стадионите, но ќе можат да купат само оние кои имаат билети и тоа во одреден временски период, односно три часа пред натпреварите, и еден час по крајот на натпреварите.

Сепак, последните информации велат дека организаторот на мундијалот се обидува да го „сокрие“ пивото.

Бадвајзер, кој е еден од спонзорите на ФИФА, на една недела пред почетокот на Светското првенство бил известен дека ќе треба да ги премести штандовите со пиво и да ги постави на локации кои се помалку видливи.

Катарците сакаат штандовите со пиво да ги одалечат од штандовите на кои ќе се продава храна или фудбалски производи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани