Роналдо го чека рекордна казна, Манчестер јунајтед може дури и да му го раскине договорот

by
1 минути читање

Интервјуто на Кристијано Роналдо со Пирс Морган и нападот на Португалецот кон Манчестер јунајтед и Ерик тен Хаг е топ тема во светот на фудбалот.

Многумина веруваат дека напаѓачот ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок, а многу веројатно ќе добие и казна.

Одредени извори пишуваат за рекордна парична глоба од 1 милион фунти, а има и такви кој пренесуваат за раскин на договорот.

Во меѓувреме се огласи и Манчестер јунајтед со кракто соопштение.

„Клубот соодветно ќе одговори откако ќе бидат утврдени сите факти. Нашиот фокус останува на подготовките за вториот дел од сезоната и продолжување на моментумот, вербата и сплотеноста која беше изградена помеѓу играчите, тренерот, персоналот и навивачите“ – се вели во известувањето на клубот од Олд Трафорд. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×