Роналдо: Откако Фергусон си замина, ништо не се сменило во Јунајтед, прогресот е нула

by
2 минути читање

Враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед завршува многу лошо. Ова сигурно е крајот.

Во интервјуто за Пирс Морган, Роналдо вели дека во Манчестер јунајтед нема никаква еволуција, нема никаков напредок, клубот не е во чекор со времето, работите се оставени онакви какви што биле од периодот на Сер Алекс Фергусон.

„Прогресот е нула. Откако замина Сер Алекс, не гледам никаква еволуција во клубот. Ништо не е променето“, вели Роналдо.

„Нема никаква надградба во тренинг центарот, се е исто, од базен и теретана, до кујната и технологијата која се користи“.

„Мислам дека фановите треба да ја знаат вистината. Јас го сакам најдоброто за клубот и затоа се вратив во Манчестер јунајтед“.

„Но имате некои работи внатре кои не ни помагаат нас фудбалерите да го стигнеме врвното ниво на Сити, Ливерпул и дури и Арсенал…. клуб како Манчестер јунајтед треба да биде во топ три според мене и за жал не е така“.

Роналдо смета дека во клубот се потребни драстични промени за да тргне кон подобро.

„Како што рекол Пикасо, прво треба да го уништиш тоа, за да го изградиш, и ако тие почнат со мене, тоа за мене не е проблем“.

„Го сакам Манчестер јунајтед, ги сакам фановите, тие отсекогаш биле на моја страна. Но ако клубот сака да напредува, мора да промени многу, многу работи“.

„Сер Алекс Фергусон знае подобро од сите дека клубот не оди по вистинскиот пат на кој заслужува да биде. Тој знае. Сите знаат. Луѓето кои не го гледаат тоа, е бидејќи не сакат да го видат, тие се слепи“.

Роналдо смета дека фановите се секогаш со него и вели дека тој го дал ова бомбастично интервју за тие да ја знаат вистината.

„Фановите се најважната работа во фудбалот. Вие играте за нив“.

„Фановите секогаш биле од моја страна. Тоа го чувствувам секогаш кога ќе излезам, кога ќе прошетам по улиците, фановите ми приоѓаат и тие го почитуваат тоа што сум го направил за фудбалот“.

„Фановите за мене се се. Затоа го дадов ова интервју, бидејќи мислам дека е вистинско време да кажам што мислам“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×