Бомба од Роналдо: Манчестер јунајтед ме изневери, не го почитувам Тен Хаг! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Вечерва Пирс Морган, новинарот кој е и добар пријател со Роналдо, објави големо интервју со ѕвездата на Манчестер јунајтед. 

Португалскиот фудбалер се чини е искрен повеќе отколку што треба, си кажа се што му лежи на срце, а тоа веројатно ќе значи и крај на неговиот престој во Манчестер јунајтед.

Дел од 90. минутното интервју кое оди во шоуто на Пирс Морган, е објавено и во весникот „Сан“.

„Се чувствувам изневерено, не само од тренерот туку и од уште двајца до тројца луѓе кои се во клубот. Можеби не треба да го кажувам ова, но луѓето секогаш треба да ја знаат вистината, се чувствувам изневерено, не само сега, туку и минатата сезона“, вели Роналдо.

За Тен Хаг, Роналдо рече: „Немам почит за него, бидејќи тој не покажува почит за мене. Доколку немате почит за мене, јас нема да имам почит за вас“.

Роналдо имаше што да каже и за Рангник: „Тој не е ниту тренер, па како ќе биде тренер на Манчестер јунајтед? Никогаш немав слушнато за него“.

Малку фалеше Роналдо да потпише за Манчестер Сити, кога Сер Алекс Фергусон интервенираше и го убеди да се врати во Јунајтед.

„Го следев срцето. Фергусон ми рече: „Невозможно е ти да играш за Манчестер јунајтед, јас му реков, во ред шефе“.

„Откако Сер Алекс Фергусон си замина, јас не гледам никаква еволуција во клубот, има нула прогрес“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×