Рома со гол на Матиќ во 94. минута се спаси од пораз на Олимпико против Торино. На мечот имаше многу тензија, а во финишот Мурињо доби црвен картон поради расправија со судијата.
„Тоа беше правилна одлука, моите зборови кон судијата заслужија црвен картон“, вели Мурињо.
„По мечот зборував со него и му се извинив, не сакам да зборувам за неговите перформанси, ќе оставам тоа да го кажете вие. Не сакам ниту да откријам што си кажавме, тоа беше приватно. Моите зборови заслужија црвен картон, но нема да зборувам за перформансите на судијата“.
Денеска Дибала се врати во составот на Рома, во игра влезе во 70. минута и тогаш тимот на Мурињо почна да игра како што сакаат навивачите.
„Вечерва имаше два натпревари, еден до 70. минута и друг потоа. До 70. минута фановите на Рома сакаа да си одат дома, но во последните 20 минути креиравме повеќе откаколку што направивме на последните 4-5 натпревари заедно. Зошо? Лесно е, поради Дибала“.
„Кога имате фудбалер како Пауло и тој не игра, различно е. Колку повеќе бодови ќе имавме ако тој не се повредеше? Има тимови кои имаат фантастични фудбалери насекаде во составот, ние имаме тоа што имаме“.
„Не сакам да кријам, има фудбалери кои во моментов играат на многу ниско ниво. Паузата доаѓа, и тоа ќе биде вистински момент за одредени играчи да се погледнат себеси и да се обидат малку да бидат самокритични“.
„И покрај сите проблеми, ние сме обединета група. Тим кој ќе промаши пенал во 92. минута вообичано е мртов, но не ние, ние продолживме. Овие 20 минути би ги нарекол минути на надеж дека еден ден ќе можеме да играме заедно со Пелегрини и Дибала во составот“.
Белоти промаши пенал во 92. минута, Мурињо кажа дека тој не е играчот кој требало да шутира, но нема замерки за напаѓачот, бидејќи покажал храброст.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.