Милан со гол во 92. минута дојде до победа против Фиорентина (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан имаше фуриозен почеток на мечот, со гол на Леао уште во втората минута поведоа со 1-0.

Но како одминуваше времето Фиорентина играше се подобро, во 28. минута со погодок на Барак изедначи на 1-1.

Милан се обидуваше да го врати водството, но немаше да биде незаслужено и ако Фиорентина поведеше, гостите пропуштија неколку можност.

Кога се чинеше дека ќе заврши нерешено, голманот на фиорентина Терачиано киксираше во 92. минута, а Миленковиќ си постигна автогол за победа на Милан од 2-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×