307
Манчестер јунајтед поведе со гол на Ериксен во 14. минута од натпреварот. Тој резултат беше актуелен се до 61. минута кога Даниел Џејмс по само две минути откако влезе ја затресе мрежата на својот поранешен тим за 1-1.
Се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, но Гарначо по асистенција на Ериксен во 93. минута даде гол за победа на Манчестер јунајтед од 2-1.