Бензема: Роналдо се уште не ми честиташе за Златната топка

by
1 минути читање

Пред да биде доделена Златната топка, дури се шпекулираше дека на свечената церемонија Роналдо ќе му ја врачи големата награда на Бензема како негов поранешен соиграч. Сепак тоа не се случи.

Но се веруваше дека Роналдо му се јавил да му честита на Бензема со оглед на времето кое го поминаа заедно во Реал Мадрид. Сепак Французинот вели дека тоа не се случило.

„Не, Роналдо се уште не ми честиташе“, изјави Бензема во интервју за „Телефут“.

„Не сакав да си заминам од фудбалот без да ја освојам Златната топка. Секогаш верував дека имам квалитет за да ја освојам оваа награда и верував дека во еден момент тоа ќе се случи. Во последните четири години притискав силно за да го остварам тоа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×