На почетокот од
овој месец, сосема неочекувано, Жерар Пике најави крај на кариерата, неговиот натпревар против Алмерија беше последен во дресот на Барселона на Камп Ноу.
Жоан Лапорта во
разговор со Спорт открива дека тој и тренерот Чави уште летоска го известиле
дефанзивецот дека ќе има ограничена минутажа, Жерар Пике тогаш не го прифатил
ова и бил решен да се наметне, но на крајот се помирил со реалноста и одлучил да
се пензионира.
„Самиот Пике
одлучи да стави крај на кариерата, веројатно беше мотивиран од спортските
случувања. Доколку ја имаше довербата на тренерот и беше незаменлив во
одбраната, сигурно немаше да замине“ – вели претседателот на Барса.
„Пике одлучи што
ќе прави, и ние во бордот на директори го почитуваме тоа“.
„Чави беше
прилично искрен со него, му кажа дека нема да смета на неговите услуги, а и јас
дискутирав со него за ситуацијата“.
„Жерар е човек
кој не се откажува без борба, вистински победник, се гледаше себеси како
стартер и сакаше да продолжи. Сепак, на крајот се помири со реалноста и донесе
одлука. На многу убав начин се опрости од клубот. Сакаме нашите херои да бидат
вечни, но тоа не е возможно“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.