Геце се потсети на фамозните зборови на Лев пред 8 години: Излези и покажи дека си подобар од Меси!

by
1 минути читање

Марио Геце е едно
од изненадувањата на списокот на Германија, напаѓачот последниот пат го облече
дресот на репрезентацијата во 2017 година.

Откако беше херој
на Германија во финалето против Аргентина на Светското првенство во Бразил, се
очекуваше многу од Марио Геце, но наместо нов блесок, следуваше пад во формата
и здравствени проблеми.

Германецот во
2020 се реши за авантура ПСВ, каде успеа да си ја оживее кариерата, а со
добрите игри оваа сезона во Ајнтрахт Франкфурт, да добие нова шанса да се
покаже на најголемата сцена.

„Ми беше потребно
време да разберам што навистина се случи“
– вели Марио Геце за погодокот против
Аргентина.

„Доколку можам
одново да ја испишам историјата, би го постигнал голот на 35 години, и потоа ќе
престанам да играм фудбал“.

Легендата вели
дека пред да влезе во игра, селекторот Јоаким Лев му рекол, „Излези и покажи
дека си подобар од Меси!“

„Да, точно е.
Веројатно не знаеше што друго да каже… едноставно сакаше да ме мотивира повеќе
во тој момент“.

За голот кој го
постигна, тој додава: „Чист инстинкт, се се случи многу брзо. Немате многу
време за одлуки“.

Марио Геце потоа
открива дека му било тешко да се врати во реалноста по големиот успех во
Бразил.

„Имав околу 20
дена одмор и потоа се вратив во Баерн, не помина една недела а почнавме да
играме. Пред четири недели го освоив Светското првенство, а сега играм против
третолигаш во купот. Ми беше прилично чудно“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×