Агентот на Карсдорп се чуди како Мурињо не спомена име, а сите го посочија неговиот клиент дека е играчот кој е критикуван

by
1 минути читање

По мечот со Сасуоло, Мурињо рече дека Рома била предадена од еден свој фудбалер. Португалецот не спомена име, одби да го направи тоа, но на сите им беше јасно дека играчот е Рик Карсдорп.

Неговиот агент е изненаден од критиката на Мурињо, но и се чуди како сите знаат дека е Карсдорп, а не беше спомнато име.

„Изненаден сум од зборовите на Мурињо, сакам објаснување. Исто така сме изненадени од фактот што сите го вперија прстот во Рик и покрај тоа што ниту Мурињо, ниту Рома не го кажа неговото име“, вели агентот Хенкес.

„Сакаме објаснување од клубот за зборовите на тренерот и начинот на кој го направи тоа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×