По синоќешниот натпревар против Сасуоло, Жозе Мурињо упати жестоки критики за Карсдорп, велејќи дека му рекол на фудбалерот да си замине во јануари.
Мурињо не го спомна неговото име, но на оние кои добро го познаваат клубот, јасно им беше дека станува збор за Карсдорп.
Португалецот беше вознемирен од однесувањето на Карсдорп на теренот кое резултираше со примен гол.
Карсдорп изгледаше отсутно и на други натпревари на почетокот од оваа сезона, па се чини дека впечатокот на Мурињо не е само од вчерашниот меч, туку е собиран подолго време.
Сепак фудбалерот бил изненаден од коментарите на тренерот и побарал состанок со Тиаго Пинто.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.