Флик одбра, на спискот го има херојот од 2014, 17 годишниот Мукоко и напаѓач кој никогаш не играл за Германија

by
2 минути читање

„Панцерите“ ги
открија адутите за Светското првенство во Катар, попладнево Ханси Флик го
објави списокот со 26 фудбалери.

Поради повреда
отпадна малерозниот Марко Ројс, а повик не доби и неговиот соиграч Матс Хумелс.
Место немаше и за Робин Госенс од Интер.

Имаше и неколку
изненадувања, како херојот од финалето во 2014, Марио Геце

кој преку ПСВ и Ајнтрахт
Франкфурт си ја оживеа кариерата.

На списокот се најде и 17 годишниот Јусуфа
Мукоко од Борусија Дортмунд, како и 29 годишниот Никлас Филкруг од Вердер
Бремен, кој нема ниту еден настап за сениорскиот тим на Германија.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани