Станковиќ ниту месец дена нема да издржи во Сампдорија, Србинот размислува за оставка!

by
1 минути читање

На почетокот од
октомври, Дејан Станковиќ започна авантура во Серија А и беше именуван за
нов тренер на Сампдорија.

Резултатите на
клубот не се променија драстично, Србинот освои 4 бода од шест натпревари, па
по синоќешниот пораз од Торино, навивачите протестираа.

„Ги разбирам
навивачите, но момците даваат 120%. Поминуваме низ тешки моменти. По сабота ќе
објасниме многу работи, ќе бидат донесени одредени одлуки“
– рече Дејан
Станковиќ, кој доби црвен картон.

Запрашан дали е
подготвен да си поднесе оставка доколку Сампдорија викендов доживее нов пораз,
Србинот рече: „Подготвен сум. Среќен сум што ми се укажа шанса да бидам дел од Серија А и Сампдорија, привилегија е
да се работи тука, но ако јас сум проблемот, ќе си заминам“.

„Не сакам контроверзии,
во сабота не чека важен натпревар за овој дрес, за клубот и за навивачите. Ќе се
обидам да го изолирам тимот и да го подготвам на најдобар можен начин“.

Во сабота од 18 часот Сампдорија го пречекува Лече.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×