195
На последните пет натпревари во сите конкуренции, Атлетико Мадрид има три порази и две нерешени средби.
Денеска Мајорка со гол на Муриќи уште во 16. минута дојде до водство кое на крајот се покажа како доволно за победа, 1-0 беше конечниот резултат.
На Диего Симеоне тешко му оди да го врати тимот на победничките патеки. Серијата лоши резултати го бутнаа Атлетико Мадрид на шестата позиција.
Можеби клубот треба конечно да размислува за тренерска смена иако изгледа дека Симеоне не недопирлив во Атлетико Мадрид.