Црн ден за лондонските гиганти, Арсенал, Тотнем и Челси испаднаа од Лига Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дерби мечот од ова коло во Лига Купот се играше во Манчестер каде Сити го пречека Челси. Домашните победија со 2-0, двата погодоци беа постигнати во вториот дел.

Махрез во 53. минута донесе водство за Сити, а само пет минути подоцна Алварез зголеми на 2-0, што беше и конечен резултат.

Арсенал со 3-1 на свој терен загуби од Брајтон. Топчиите поведоа со гол на Нкетија во 20. минута, но потоа работите продолжија во лоша насока за фаворитот.

Во 27. минута Велбек израмни на 1-1, во 58. Митома погоди за комплетен пресврт и водство на Брајтон од 2-1, а конечните 3-1 беа дело на Лампти во 71. минута.

Лошата ноќ на англиските гиганти ја комплетираше Тотнем кој со 2-0 загуби на гостувањето кај Нотингем форест. Лодли и Лингард ги постигнаа головите.

Но, покрај овие три лондонски клуба, испаднаа уште два од англиската метропола, Њукасл на пенали го исфрли Кристал Палас, а Вест Хем исто така на пенали загуби од Блекбурн.

Сите пет лондонски клубови кои играа денес, загубија.

Ливерпул на пенали го победи Дерби. Мечот во регуларниот тек беше 0-0.

Вулвс со 1-0 го помина Лидс, а имаше пенали и на мечот меѓу Саутемптон и Шефилд вендздеј каде победија домаќините.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×