Левандовски не разбира зошто би можел да добие казна од 3 меча и откри за кого бил гестот

by
1 минути читање

Роберт Левандовски синоќа беше исклучен на натпреварот против Осасуна, а откако му беше покажан патот кон соблекувалните, Полјакот имаше гест, кој беше разбран како навреда за судиите, па сега му се заканува суспензија од 3 или 4 натпревари.

Откако попладнево ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа, Роберт Левандовски ја прокоментира целата ситуација.

„Зошто да добијам 3 или 4 натпревари суспензија кога гестот не беше наменет за судијата? Не беше наменет ниту за помошникот, ниту пак за четвртиот судија“ – вели Роберт Левандовски.

„Гестот беше наменет за Чави“.

Тој потоа додаде: „Разговаравме со Чави дека во случај на жолт картон, треба да бидеме повнимателни за да не добиеме втор, па сега кога добив втор, имав едно чувство и упатив гест кон Чави“. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×