„Росонерите“
заостануваат осум бода зад лидерот Наполи откако синоќа одиграа само реми на
гостувањето кај Кремонезе.
Отсуствата на Тео
Ернандез и Оливие Жиру можеа да се забележат, а Рафаел Леао и Шарл Де Кетеларе
не помогнаа премногу кога влегоа од клупата.
„Ја изгубивме
течноста и брзината на движењата во второто полувеме, не добивме доволно дуели,
обично сме добри при ситуациите еден на еден“ – рече Стефано Пиоли по крајот на
натпреварот.
„Погрешно е секогаш да се фокусираме на индивидуалци. Победуваме како тим, и кога не
работиме како тим, нема да стигнеме до посакуваниот резултатот. Индивидуалецот
може да има добар и лош ден, тоа е сосема природно, но вечерва не бевме доволно
добри како тим“.
За новите лоши
перформанси на летното засилување Шарл Де Кетеларе, за кого беа платени 35
милиони евра, тренерот на Милан додава: „Знам дека на медиумите им е интересно
да пишуваат колку го имаме платено, но вечерва сите мораа подобро, вклучувајќи
ме и мене“.
„Можеме да играме
подобар фудбал, со повисоко темпо, со повеќе квалитет и повеќе шанси“.
За разликата од 8
бода на Наполи, тој рече: „Многу е, сигурно не сакаме да бидеме во ваква
ситуација, но имаме шанса да победиме во недела и сезоната е долга. Му
честитаме на Наполи за резултатите, но сигурно ние можевме подобро“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.