Сите сакаат да играат на Светското првенство, а Волпато одби и образложи зошто

by
3 минути читање

Многумина од фудбалерите се разочарани кога нема да добијат повик за настап на Мундијалот или кога поради повреда не можат да учествуваат, но таков не е случајот и со Волпато.

Тој е роден во Австралија, во 2020 се преселува во Рим, во младинската школа на Рома, а оваа сезона почнува да има повпечатлива улога во првиот тим.

Волпато има италијански корени, оваа година настапуваше за селекциите на Италија до 19 и до 20 години.

Се уште нема сениорски настап за некоја репрезентација, па може да бира дали ќе игра за Австралија од која веќе има повик или за Италија.

Многумина сметаат дека тоа што одби да игра на Светското првенство за Австралија, значи дека тактизира и во иднина ќе чека повик од Италија. Тој излезе со соопштение во кое вели дека му е рано да донесе одлука.

„Видов многу шпекулации за одлуките кои сум требал да ги направам на репрезентативно ниво. Вистината е дека јас сум на самиот старт од мојата професионална кариера и комплетно сум фокусиран на развојот на тој процес во Рома. Носење на било каква избрзана одлука за мојата репрезентативна кариера во овој период ризикувам да е екстремно избрзана. Ќе има многу време за мене да донесам одлука која ќе почувствувам дека е правилна, но во моментов знам дека мојот фокус треба да биде на продолжување со напорна работа секој ден со цел да продолжам да напредувам како фудбалер. Сега е време да се фокусирам на мечот со Сасуоло“, напиша Волпато на социјалните мрежи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани