Рафиња даде гол со глава од 16 метри, Барса со играч помалку до пресврт против Осасуна (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона ќе
остане на врвот на табелата до крајот на годината откако вечерва со играч помалку успеа да
направи пресврт на гостувањето кај Осасуна и да слави со 1-2.

Домаќините
одлично го отворија натпреварот и поведоа со 1-0 со голот на Гарсија во 6. минута.

Левандовски потоа
направи глупост и по половина час игра со лакт го удри противникот за втор жолт
картон и исклучување.

Но избраниците на
Чави не се предадоа, Педри изедначи на 1-1 на старот на вториот дел, за Рафиња
да донесе славје на пет минути пред крајот.

Бразилецот биеше
мајсторски со глава од 16 метри и успеа да го лобува голманот за 1-2 и голема
радост.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×