Наполи продолжува да реди победи во Серија А, вечерва триумфираше со 2-0 против Емполи и по трет пат во својата историја врза 10 успеси во најсилното првенство на Италија.
Гостите долго време одолеваа, резултатот беше отворен во 69. минута, Лозано од пенал донесе 1-0.
Пет минути подоцна Луперто заработи втор жолт картон, Емполи остана со играч помалку, па веќе тука беше јасно дека трите бода ќе останат на „Диего Армандо Марадона“.
До крајот на натпреварот, Наполи само ја потврди победата со голот на Зелински во 88. минута.
Нашиот Елиф Елмас мечот го започна од клупата за резерви, влезе во 64. минута и помогна неговиот тим да слави.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.