Роналдо знае што значи како дете да бидеш дел од мундијал па вели: Тите погреши…

by
1 минути читање

Тите синоќа го објави списокот за Светското првнество, селекторот на Бразил имаше неколку изненадувања.

Легендарниот Роналдо реши да оди во друг правец со критиките, смета дека повик треба да добие 16 годишниот Ендрик од Палмеирас, кој се најавува како следната голема ѕвезда.

„Феноменот“ говори на оваа тема од сопствено искуство, тој со 17 години беше дел од репрезентацијата на Бразил на мундијалот во 1994 година.

„Луѓето даваат забелешки, најчести се коментарите за отсуството на Габигол, но доколку јас одлучував, ќе го повикав Ендрик. Се работи за момче со светла иднина, кој веќе е професионалец. За него ова ќе беше сензационално искуство, добро ќе беше и за иднината на бразилскиот тим“ – вели Роналдо.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани