Синоќа се појавија информации дека Ливерпул оди на продажба, сопствениците ФСГ се подготвени да го продадат својот дел или пак да дозволат да влезе инвеститор.
Две банки веќе се контактирани и тие ќе треба да најдат заинтересирани страни, се говори дека фондови од САД и Средниот Исток веќе пројавиле интерес.
И додека се чекаат понудите, медиумите од Англија пренесуваат дека ФСГ размислуваат да донесат големо засилување за Јирген Клоп и Ливерпул како подарок пред разделба.
Станува збор за Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, за кого интерес пројавуваат и Реал Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед и Челси.
Англичанецот игра во извонредна форма на почетокот од сезонава и неговата цена е 150 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.