Медиумите од
Англија синоќа објавија дека ФСГ го продава Ливерпул, па веднаш почнаа да кружат гласини за тоа кој може да стане нов газда на глубот од Енфилд.
Се шпекулира дека
Шеиците од Дубаи повторно ги меркаат „црвените“ откако во 2007-2008 имаа
неуспешен обид да го купат клубот преку државниот фонд ДИК.
Но за сега да
станат газди, ќе мора да платат многу, многу повеќе од пред 15 години. Се
проценува дека продажбата на Ливерпул ќе биде рекордна, односно ќе ја надмине
сумата од 4,25 милијарди фунти која Тод Боли ја плати за да го купи Челси.
ФСГ го купи
Ливерпул во 2010 за 300 милиони фунти, па инвестицијата сега ќе им се врати
десеткратно.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.