Хаос на Суперкупот во Аргентина, беа покажани десет црвени картони, мечот заврши предвреме (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Регуларниот дел од мечот заврши со 1-1. Бока поведе со гол на Бриаско во 19. минута, Расинг изедначи преку Рохас само три минути подоцна.

Пред крајот на регуларниот дел судијата покажа два црвени картони за Бока, ги добија Виља и Ибара, и еден црвен за Расинг кој го доби Карбонеро.

Мечот отиде во продолженија, а по десет минути беше исклучен уште еден играч на Бока, Варела поради два жолти.

Во 118. минута Алкараз даде гол за водство на Расинг од 2-1, а брзо потоа настана мешаница во која судијата делеше црвени картони.  Кај тимот што поведе исклучени беа стрелецот Алкараз и Кабелјос, додека од тимот на Бока во соблекувална беа испратени Адвинкула, Замбрано, Гонзалес, Фабра и Бенедето.

Бока остана со шест фудбалери во поле поради што мечот не можеше да биде продолжен, беше отсвирен крај предвреме. Во тој момент Расинг водеше со 2-1, па трофејот им припадна нив.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани