36-годишниот Жиру минатата година во Милан пристигна од Челси и се покажа како еден од клучните играчи на росонерите и на теренот но тој е важна личност и во соблекувалната.
Жиру минатата сезона постигна 11 голови на 29 натпревари, а оваа сезона веќе има дадено девет погодоци во 18 мечави во сите натпреварувања.
Според „Кориере дело Спорт“, Милан веќе има подготвено договор со Жиру. Се работи за едногодишен договор со плата од 3,5 милиони евра, сумата која е и во актуелниот договор.
Потпис на договорот се очекува да се случи по Светското првенство во Катар. Жиру очајно посакува да биде таму и со нетрпение го очекува списокот на Дидие Дешамп да види дали ќе се најде во составот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.