Пред почетокот на сезоната се веруваше дека Ливерпул ќе биде најблиску до Манчестер Сити во битката за титулата во Премиерлигата, но работите не се одвиваат така. По 13 одиграни кола Арсенал е прв на табелата, топчиите победија на дури 11 средби, имаат само еден пораз и едно реми.
„Точно е, денеска може да се каже дека се бориме за титулата, но утре ќе биде тешко“, вели Артета.
„Видете само што направи Манчестер Сити во изминатите шест години. Со најдобриот тренер и најдобриот тим во светот, тие покажаа континуитет во секое натпреварување“.
„Ние треба да имаме многу, многу почит за тоа и ние стануваме многу подобри како тим и се натпреваруваме многу подобро, имаме навистина добри резултат, но ова е долго, долго шоу“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.