Лацио со 1-0 ја победи Рома во големото римско дерби, единствениот погодок беше постигнат по една огромна грешка на Роџер Ибањез кој се обиде да дрибла во сопствениот шеснаесетник, но му ја одземаа топката и Фелипе Андерсон даде гол кој значеше победа.
Рома ја погоди пречката преку Николо Заниоло, но освен тоа тимот на Мурињо не создаде некоја друга посериозна шанса.
„Не е лесно да се игра против тим кој длабоко се брани и го контролираше темпото многу добро“, вели Мурињо.
„Откако дојдоа до водство, се бранеа одлични, ние немавме острина во нападот и квалитет да направиме разлика во нападот“.
„Не се само головите тоа што ни недостасува, туку и играњето како тим и добивање на дуели на теренот. Кога играте директен фудбал потребно ви е да ги добивате дуелите и ние не ги го направивме тоа“.
Рома ги загуби дуелите со Аталанта, Наполи и Лацио, директните конкуренти за високите позиции.
„Мислам дека Рома овие мечеви ги загуби незаслужено. Аталанта имаше само еден шут и победи 1-0, на Наполи му создадовме повеќе проблеми од било кој и тие сепак победија со голот на Осимен, а Лацио постигна „полугол“.
„Ни недостасува острина, ќе го потенцирам тоа, но борбеноста за добар резултат е неспорна“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.