Пике: Ова не е збогум, јас сум роден тука и ќе умрам тука

by
1 минути читање

Пике синоќа имаше емотивно збогување со Барселона, дефанзивецот не можеше да ги задржи солзите во говорот пред полниот Камп Ноу, но вети дека ќе се врати.

„Во животот, како стануваш постар, сфаќаш дека понекогаш нешто што сакаш треба да го напуштиш. Јас сум уверен дека во иднина повторно ќе бидам тука“, вели Пике.

„Ја сакам Барса. Затоа мислам дека ова е вистински момент да заминам. Мојот дедо ме зачлени во клубот на денот кога сум се родил. Ова не е збогум. Јас сум роден тука и ќе умрам тука“.

Некои шпекулираат дека во иднина Пике би можел да цели и на претседателската функција во Барселона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×