Златан Ибрахимовиќ
испрати зајадлив коментар до Пеп Гвардиола и рече дека напредокот на Ерлинг
Халанд зависи од егото на шпанскиот стратег и дали тој ќе дозволи некој друг да
биде поголем од него.
Тренерот на
Манчестер Сити не сакаше да премолчи и реши да влезе во војна со Швеѓанецот.
„Во право е,
целосно е во право. Во овој клуб, во овој тим, моето его е над сите други, над
сите играчи“ – го почна својот одговор Пеп Гвардиола.
„Не ми се допаѓа
кога Ерлинг постигнува по три погодока и сите заслуги одат на негова адреса.
Многу сум му љубоморен! Навистина, многу сум љубоморен!“
„Му реков, „Ерлинг
те молам немој да постигнуваш толку многу голови, во тој случај новинарите нема
да зборуваат за мене, и само за мене““.
„Ибра е во право,
ме знае перфектно. Можеби треба да напише уште една книга“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.