Вилфред Заха
важеше за еден од поталентираните играчи во својата генерација, Манчестер
јунајтед го ангажираше во 2013, но офанзивниот фудбалер не успеа да се наметне
на Олд Трафорд и па 18 месеци подоцна се врати во Кристал Палас.
10 години подоцна,
Вилфред Заха може да потпише за нов голем клуб. Репрезентативецот на БСК ги
одработува последните месеци од договорот, па неколку клубови ја мониторираат
неговата ситуација и се подготвени да го ангажираат.
Изминатиов период
често има шпекулации дека Арсенал и Челси го меркаат Вилфред Заха, а Ивнинг
Стандард сега пишува за шокантен трансфер на Камп Ноу.
Барселона има финансиски
проблеми, па е привлечена од идејата беспари да го донесе Вилфред Заха во
своите редови.
Ивнинг Стандард
исто така додава дека и Јувентус крои планови како да го ангажира Вилфред Заха,
кој минатата сезона постигна 14 погодоци во Премиерлигата, а оваа сезона веќе
има 5 погодоци зад своето име.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.