И Жозе Мурињо и Маурицио Сари ќе бидат ослабени за своите најдобри играчи, па изговори за отсутните не смее да има.
Сари нема да може да смета на повредениот Чиро Имобиле и суспендираниот Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Мурињо ќе биде без Пауло Дибала, Леонардо Спинацола и Џиџо Вајналдум.
По 12 одиграни кола во Серија А, разликата меѓу двете екипи е само еден бод, Рома е четврта, Лацио е петти.
Психолошката војна во пресрет на почна одамна. Пред извесно време спортскиот директор на Лацио, Игли Таре ја омаловажи титулата на Рома во Конференциската лига велејќи дека тоа е натпреварување за гобитници како волчицата.
Брзо потоа Лацио од Лига Европа испадна во Конференциската лига, а Мурињо тоа го дочека како пенал кој мораше да го шутне па му врати на Таре велејќи дека Лацио сега е фаворит за трофејот во Конференциската лига, но веројатно Таре не го сака тој трофеј.
Целта на двете екипи оваа сезона е место во топ четири во Серија А, па се очекува вистински спектакл на Олимпико, впрочем така е и на секое дерби меѓу овие два лути ривали.
Теренот е ист за двете екипи, но Рома е домаќин на хартија и ќе ја има поголемата поддршка од трибините.
Минатата сезона двете екипи ги добија натпревари на кои важеа за домаќините, Лацио славеше со 3-2, а Рома победи со 3-0. Како ќе биде на престојното дерби, ќе видиме утре со почеток од 18 часот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.