Жерард Пике на големо изненадување синоќа соопшти дека става крај на кариерата, и дуелот против Алмерија во сабота ќе биде негов последен на Камп Ноу.
„Имав среќа да му бидам соиграч, а сега и тренер“ – рече Чави на денешната прес конференција.
„Ги разбирам околностите поради кои ја донесе одлуката. Игра помалку, не се чувствува корисен и сака да се повлече. Има договор и можеше да седи и да зема милиони, но одлучи дека ова е правиот потег“.
„Му посакувам се најдобро и посакувам навивачите на Барселона да го ценат како легенда“.
Запрашан дали и тој имал одредена улога во целата ситуација, Чави вели: „Разговаравме летоска и му кажав какви ми се намерите. Тоа беше еден од најтешките моменти во мојата кариера како тренер. Знам дека одлуката не е убава, но морам да гледам што е најдобро за тимот. Не знам дали бев фер кон Пике, но бев искрен со пораките и моите верувања“.
„Секогаш беше пример, никогаш не правеше проблеми. Тренираше со 100%“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.