Челси во јануари ќе понуди играчи и пари за да го ангажира Рафаел Леао

by
1 минути читање

Подолго време се пишува дека Челси веќе го има договорено Кристофер Нкунку од РБ Лајпциг, но „сините“ и понатаму се во потрага на засилувања за нападот и Рафаел Леао е на врвот на списокот со желби.

Последните информации велат дека директор на Челси разговорал со Португалецот и му го објаснил проектот на новиот сопственик Тод Боли. Напаѓачот исто така почнал да развива пријателство со дел од членовите на „сините“.

Се шпекулира со предлог од 120 милиони евра, односно Челси да понуди играчи како Армандо Броја, Кристијан Пулишиќ или Хаким Зијеш и определена сума на пари.

Целата ситуација внимателно ја следи и Манчестер Сити, кој не донесе директна замена за Рахим Стерлинг.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×