Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре неодамна изјави дека Конференциската лига е за губитници како Рома.
Кармата брзо му се врати, па Лацио синоќа од Лига Европа испадна во Конференциската лига откако го освои третото место во групата.
Мурињо по вчерашниот меч против Лудогорец не пропушти да го искоментира и Лацио.
„Мислам дека Лацио сега е фаворит за освојување на Конференциската лига. Ова го велам искрено“, вели Мурињо.
„Таму се Вест Хем, Лестер, Фиорентина, Лацио и кој друг? Виљареал?“.
„Лацио има тренер, играчи и тим за да го направи тоа. Можеби проблем е тоа што што г-дин Таре не сака да го освои овој пехар бидејќи не му се допаѓа тоа натпреварување“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.