Хвича Кварацхелија е играчот за кого многу се зборува, офанзивниот фудбалер прикажува извонредни партии по преселбата во Наполи и веќе има 8 погодоци и 10 асистенции на 17 натпревари во сите конкуренции, и за брзо време стана миленик на публиката.
Грузиецот сега се најде во фокусот поради работи кои не се поврзани со фудбалот, односно ја дозна и другата страна на Неапол.
Како што пренесуваат медиумите од Италија, крадци му го украле автомобилот Мини додека тој спиел.
Кога утрово се разбудил, Хвича Кварацхелија забележал дека му го нема авотмобилот, па пред да се упати на тренинг, заминал во полициска станица да го пријави настанот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.