Жиру со два гола и две асистенции го однесе Милан во осминафинале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан не смееше да загуби на Сан Сиро против Салцбург, на австрискиот тим му требаше победа за второто место, но росонерите покажаа кој е кој.

Херој на Милан беше Оливие Жиру кој постигна два гола и имаше две асистенции.

Жиру погоди во 14. минута за водство од 1-0, а потоа по неколку секунди игра во вториот дел асистираше до Круниќ кој реализираше за 2-0.

Во 57. минута Жиру даде нов гол, овојпат за 3-0, а во судиското продолжение од мечот асистираше до Месиас за конечни 4-0.

Динамо Загреб поведе на Стемфорд Бриџ со 1-0, но го загуби мечот со 2-1. Ристовски и Адеми беа стартери, и двајцата беа заменети во текот на второто полувреме.

Петковиќ во седмата минута донесе водство за Динамо, но десет минути подоцна Стерлинг изедначи на 1-1.

Во 30. минута Закарија донесе победа за англискиот тим. За него ова беше прв меч и веднаш даде гол.

Во групата каде се беше познато од претходно Манчестер Сити со 3-1 ја совлада Севиља.

Рафа Мир во 31. минута даде гол за Севиља, а во вториот дел Луис, Алварез и Марез погодија за победа на Сити.

Копенгахен и Борусија Дортмунд одиграа нерешено 1-1. Гостите поведоа со гол на Азар во 23. минута, изедначи Харалдсон на четири минути до крајот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×