1,3K
Златан Ибрахимовиќ во желба за триумф во Лигата на шампиони, го напушти Интер летото во 2009 и се пресели на Камп Ноу. Но неговата авантура траеше кратко, имаше недоразбирања со Пеп Гвардиола, не се вклопуваше во неговата филозофија, па замина од Барселона по само една сезона.
„Моите најлоши спомени? Барселона, но не поради фудбалот. Таму размислував многу. Се разочарав самиот себе. Ги правев работите поинаку. Мислев два пати пред да делувам и се разочарав самиот себе“ – вели напаѓачот.
„Го загубив идентитетот таму. Потоа го пронајдов повторно и затоа успеав да го покорам светот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.