Дортмунд сака Џуд Белингам да биде најскапа продажба во историјата на Бундеслигата

by
1 минути читање

Џуд Белингам игра во извонредна форма на почетокот од оваа сезона па се почесто се говори за негов трансфер.

Според пишувањата на Билд, четири клубови пројавуваат сериозен интерес за услугите на Англичанецот и тоа се Реал Мадрид, Манчестер Сити, Челси и Ливерпул.

Борусија Дортмунд нема лесно да се откаже од својата млада ѕвезда и како што пренесува Билд, клубот од Сигнал Идуна Парк поставил цена од 150 милиони евра.

Со ваква сума, Џуд Белингам ќе стане најскапа продажба во историја на Бундеслигата и ќе го надмине рекордот на Осман Дембеле, кој на Барселона беше продаден за 140 милиони евра сосе бонуси.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×