196
Рома се мачеше да даде втор гол и да го добие мечот иако во голем дел играше со фудбалер повеќе. Дури во 88. минута Волпато постигна гол за водство од 2-1, а младиот фудбалер беше и асистент на следниот погодок кој го даде Ел Шарави за конечни 3-1.
Доколку Рома не победеше, прстот ќе беше вперен во Абрахам кој промаши празен гол, ја погоди стативата од идеална позиција.
Голот на Волпато беше олеснување за Абрахам, кој тоа го призна преку инстаграм стори.
„Горд сум на тебе мал брату. Ми го спаси газот“, напиша Абрахам.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.