Се зголемуваат проблемите за Мурињо, се повреди и Спинацола

by
1 минути читање

Италијанскиот репрезентативец заработил повреда на левиот квадрицепс за време на последниот тренинг на Рома пред мечот со Верона.

Како резултат на тоа Спинацола не отпатува со соиграчите во Верона кои денеска го играат натпреварот со почеток од 18:30 часот.

Според медицинскиот тим на Рома, Спинацола ќе отсуствува најмалку 2-3 недели од теренот.

Тоа значи дека тој ќе го пропушти големото дерби со Лацио, но и дуелите со Сасуоло и Торино. Нема да игра и на дуелот против Лудогорец во Лига Европа.

Спинацола сепак ќе биде дел од подготовките на Рома во Јапонија кои ќе се одвиваат додека трае Светското првенство.

Покрај на Спинацола, Мурињо не може да смета ниту на Матиќ, Дибала и Вајналдум кои исто така се опоравуваат од повреди.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×