Лацио синоќа доживеа шокантен пораз на свој терен од Салернитана, загубија со 3-1. За ситуацијата да биде уште полоша е фактот што Милинковиќ-Савиќ доби жолт каротн и нема да биде дел од римското дерби во следното коло.
Сари го почна мечот со Милинковиќ-Савиќ на клупата, со цел да избегне ризик од добивање на жолт картон, но бидејќи беше 1-1, тој реши да го стави Србинот во игра, а ризикот не се исплатеше. Лацио и го загуби натпреварот, и го загуби својот најдобар фудбалер за дуелот со Рома.
„Имавме потполна контрола на мечот се до израмнувачкиот гол кој не фати неподготвени. Веројатно мислевме дека натпреварот е веќе добиен и го загубивме целиот наш баланс и форма“, вели Сари.
„Натпреварот се промени откако беше 1-1. Судијата не помогна да ја смири ситуацијата, но ние требаше да го надминеме сето тоа“.
„Тоа на Милинковиќ Савиќ не беше ниту жолт картон, не беше ниту фаул. Тој веќе ја подаде топката, другиот фудбалер доцнеше и немаше начин да се избегне судир“.
„Во 50 години фудбал никогаш не сум видел таков жолт картон да добие тимот кој напаѓа и има посед. Доколку кажам што навистина мислам, тие ќе ми дадат шестмесечна суспензија“.
„Знам што мислам, не можам да ви кажам, но вие можете да замислите“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.