Кошмарен меч за Лацио, пораз од Салернитана на Олимпико и го загубија Милинковиќ-Савиќ за дербито со Рома

by
1 минути читање

А работите не изгледаа така на почетокот. Со гол на Закањи, Лацио имаше водство по првото полувреме од 1-0.

Но по само шест минути игра во вториот дел, Салернитана изедначи со погодок на Кандрева на 1-1.

Сари мечот го почна без Милинковиќ-Савиќ, сакаше да го заштити да не добие жолт картон бидејќи му фалеше еден за суспензија, а во следното коло е големото дерби со Рома.

Но, на Лацио не му одеше добро, па Сари реши да ризикува и сепак во 64. минута го внесе Србинот во игра. 

Четири минути подоцна Фацио му даде гол на Лацио за водство на Салернитана од 1-0.

Но, фановите на Лацио, а и фудбалерите многу повеќе се разочараа во 72. минута кога судијата му покажа жолт картон на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Во 76. минута Диа ги постави конечните 1-0.

Во следното коло на дербито со Рома, Сари ќе ги нема своите двајца главни играчи, Имобиле поради повреда, и Милинковиќ-Савиќ поради суспензија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×