Диего Коста му удри глава на противникот за сефте во Премиерлигата (ВИДЕO)

by
1 минути читање

Диего Коста е
познат по проблематичното однесување и валканите потези, но напаѓачот некако
успеа да не добие црвен картон во Премиерлигата во три ипол годишниот престој
во Челси.

Сепак, откако
летово се врати на „островото“, не му требаше многу да биде исклучен. На
синоќешниот натпревар помеѓу Брентфорд и Вулверхемптон, Диего Коста имаше еден
дуел со Бен Ми, двајцата се влечеа во борба за подобра позиција, а Бразилецот ги
загуби нервите и му удри глава на дефанзивецот.

Судијата во прв
момент не го забележа инцидентот, но од ВАР собата му сугерираа да го погледне
инцидентот на мониторот крај аут-линијата, па казната беше неизбежна и Диего
Коста за прв пат „поцрвене“ во Премиерлигата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×