Барса едниот го плати 55 милиони, другиот 70 милиони а двајцата не можат да погодат од 5 метри (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Феран Торес беше
првото големо засилување во новата ера на Жоан Лапорта, Барселона плати 55
милиони евра во јануари, но Шпанецот никако да блесне на Камп Ноу.

За тоа колку е
лоша неговата форма сведочи големото промашување на синоќешниот дуел против
Валенсија.

„Каталонците“ се
мачеа да ја затресат мрежата на противникот, на пет минути пред крајот конечно
им се отвори можност по една убава акција, Педри уфрли на пет метри и Феран
Торес требаше само рутински да финишира, но офанзивниот фудбалер се сплетка и дури
не успеа ниту да шутне.

За маката на
Барселона да биде поголема, прв до одбиената топка стигна Рафиња, но и летното
засилување од 70 милиони евра се обрука и шутна преку голот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×