Нејмар нема да оди во затвор, отфрлени се обвиненијата за криминал при неговиот трансфер во Барса

by
1 минути читање

Обвинети беа повеќе лица, меѓу нив Нејмар, неговите родители и поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел.

Обинителството бараше казна од две години затвор и 10 милиони евра за Нејмар, како и пет години затвор и иста сума за Росел. Сепак, по излагањата на Росел и на Џозеп Бартомеу, како и на уште неколку луѓе вклучеин, обвинителството се повлече.

„Овде нема криминален прекршок и случајот е изграден на претпоставки и мораше да биде докажано, а криминал не е докажан. Оние 40 милиони евра, кој ги примил Нејмар не се мито, туку се бонус за потпишување со Барселона. Можеби изледа варварски многу, но тоа е легално и многу често е случај при потпишувањето договори. ДИС можеби смета дека трансферот на Нејмар требало да им донесе поголем профит, но за тоа треба да одат на цивилен суд, бидејќи овде нема криминален прекршок“, изјавил обвинителот Луис Гарсија Кантон.

ДИС е компанијата која тогаш поседуваше 40 проценти од сопственоста врз Нејмар. Тие очекувале дека Бразилецот ќе направи трансфер за поголема сума и нивниот процент кој ќе го добијат ќе биде многу поголем. Но беа изиграни. 

Барселона наместо на име на обесштетување на Сантос, голем дел од парите му ги исплати на Нејмар како бонус и така се реализираше трансферот. ДИС остана со многу помала сума од таа што требаше да ја добие.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани