Рангник го водеше Манчестер јунајтед по отказот на Оле Гунар Солшер, но се раздели со клубот по крајот на сезоната. Тој требаше да остане како консултант, но ниту тоа не се случи.
Работите со клубот очигледно не се одвивале како што посакувал Рангник, тој во интервју за „Билд“ открива кои играчи му ги предложил на раководството на Јунајтед.
Пред се тоа биле офанзивни фудбалери, Ерлинг Халанд, Душан Влаховиќ, Алваро Мората, Луис Диаз и Кристофер Нкунку.
Рангник сакал барем еден од овие играчи, но раководството не го послушало.
Покрај овие пет играчи, Рангник го побарал и дефанзивецот Јосеп Гвардиол. Но, Јунајтед го одбил и тој предлог.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.
Во тој преоден рок Диаз замина во Ливерпул, а Влаховиќ во Јувентус. Халанд изминатото лето се пресели во Манчестер Сити. А Гвардиол и Нкунку се поврзуваат со Челси. Алваро Мората остана во Атлетико Мадрид.