Марк ван Бомел,
кој е тренер на Ројал Антверп, бил мета на крадец. Инцидентот се случил ноќта
од понеделник кон вторник, околу 00:30 часот.
Холанѓанецот го
паркирал својот автомобил Порше Панамера, кога крадец му пристапил и му вперил
пиштол.
Наместо да излезе
од автомобилот, поранешниот фудбалер на ПСВ, Барса, Баерн и Милан реагирал рефлексно,
почнал да вози назад, излегол на улица и се судрил во паркиран Мерцедес.
Се вклучиле
алармите на двата автомобили, тоа го исплашило крадецот кој се откажал од
намерата и веднаш побегнал. Марк ван Бомел за
среќа поминал без повреди. „Бев малку во шок“ – кратко прокоментирал тој.
Во меѓувреме, Марк
ван Бомел бил на распит во полиција и дал опис на напаѓачот. Неговиот автомобил
исто така бил конфискуван, истражителите ќе проверуваат дали во возилото имало
поставено уред за следење.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.