Невидена драма во Мадрид, Атлетико испадна од Лигата на шампионите, Баерн Минхен убедлив против Барса (ВИДЕО)

by
2 минути читање

На коло пред крајот Атлетико Мадрид го заврши настапот во Лигата на шампионите по ремито со Баер Леверкузен на свој терен. Овој меч имаше луда завршница.

Диаби уште во деветата минута донесе водство за Леверкузен, а во 22. минута Караско изедначи на 1-1.

Во 29. минута Хадсон Одои го врати водството на Леверкузен, но по пет минути игра во вториот дел Де Паул израмни на 2-2.

Атлетико напаѓаше со сите сили, бркаше победа, но не успеваше да погоди. Судијата свирна крај на мечот, но беше сугерирана игра со рака од фудбалер на Леверкузен, па се гледаше ВАР. Беше досуден пенал за Атлетико Мадрид.

Караско не успеа да даде гол, голманот на Спортинг одбрани, а потоа до одбиената топка дојде Саул Нигез кој ја погоди пречката. Лудо.

Баерн Минхен лесно ја совлада Барселона која и пред овој меч знаеше дека нема да продолжи во ЛШ.

Мане во 10. минута го отвори мечот, Чупо Мотинг во 31. минута зголеми на 2-0, Павар во 95. минута ги постави конечните 3-0.

Луд беше и мечот во Лондон каде Тотнем и Спортинг одиграа 1-1.

Едвардс во 22. минута донесе водство за Спортинг, а Бентакур во 80. минута израмни на 1-1.

Во 95. минута Кејн даде гол за водство на Тотнем од 2-1, но ВАР му го поништи погодокот. Па тимот на Конте нема да смее да загуби во Марсеј во последното коло.

Наполи со 3-0 го победи Ренџерс, Елмас беше стартер на овој меч и играше до 73. минута. Џовани Симеоне даде два гола, Остигард еден.

Со истиот резултат Ливерпул го победи Ајакс во Амстердам со 3-0. Салах, Нуњез и Елиот беа стрелци.

Ајнтрахт Франкфурт со 2-1 го победи Марсеј. Претходно Интер со 4-0 славеше над Викторија Плзен, а Порто исто така со 4-0 го совлада Клуб Бриж во Белгија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×