Интер со 4-0 ја совлада Викторија Плзен и ја испрати Барса во Лига Европа! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона против
Баерн Минхен ќе игра за својата чест откако Интер со 4-0 славеше против Викторија
Плзен и ги реши дилемите за тоа кои од групата Ц ќе се пласира во нок-аут
фазата.

„Нероаѕурите“ се
обидоа што поскоро да го отворат резултатот, не реализираа неколку шанси но
успеаја да ја затресат мрежата во 35. минута, Мхитарјан со глава донесе 1-0.

Пред крајот на
првиот дел, домаќините креираа одлична акција, Барела го проигра Ди Марко, кој
спушти топка на пет метри а Един Џеко рутински реализираше за 2-0.

Един Џеко во 66. минута
по втор пат се запиша во листата на стрелците, а точка на натпреварот стави
Ромелу Лукаку, кој по месец ипол се врати на терените и веднаш постигна гол.

Со оваа победа,
Интер го завери настапот во осминафиналето од Лигата на шампиони, додека пак
Барселона втора година по ред е елиминирана во групната фаза и ќе продолжи во
Лига Европа.

На вториот натпревар
од 18:45 часот, Порто со 0-4 славеше на гостувањето кон Клуб Бриж и направи
значаен исчекор кон нок-аут фазата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×